Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи, рече дека не знае за што ќе разговара косовската делегација во Брисел, но дека не треба да се разговара за прашањето за суверенитетот на Косово.
Османи го доведе во прашање и опстанокот на владејачката коалиција, но и владата во Приштина, додавајќи дека нејзините ставови се разликуваат од сегашниот премиер на Косово и дека е отворена за соработка со движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.
Говорејќи за изјавите на премиерот Авдулах Хоти, Османи рече дека ќе жали за своите постапки и додаде дека однесувањето на Хоти е арогантно.
– Хоти не знае за што зборува, тој има арогантен пристап и жално е што е премиер. Ако се вратиме во минатото, ќе видите колку пати бев во право – рече Османи.
– Не можам да разговарам за прашања поврзани со суверенитетот на земјата и за оние што имаат врска со територијата – рече Османи и додаде дека тоа ќе го загрози функционирањето на Косово.
– Ова се јасни црвени линии и секој е должен да ги почитува. Што се однесува до конкретни теми, бидејќи немаме официјални информации за тоа како Собрание, тешко е да се зборува за очекувањата – рече Османи.