Со неа одев во исто училитште, а него го запознав на работа. Нив двајца меѓусебно ги запознав минатата година на мојата роденденска забава.
– Навистина ми се допаѓа девојката на мојот пријател, иако јас ги запознав – вели момчето кое сака да остане анонимен.
Оттогаш се заедно, но нивната врска сега е на разнишани нозе затоа што постојано се расправаат. Кога одиме на пијачка, таа малку флертува со мене. Често се случува чуден контакт со очите, што наскоро го „разладуваме“.
Имам чувство дека и се допаѓам, но ништо не се случува. Јас сум сингл и би сакал да започнам врска, но знам дека тоа ќе му наштети на мојот пријател. Што да се прави?
На ова прашање веднаш следеа повеќе одговори но и осуди.
– Повлечи се малку ако не сакаш да му наштетиш на пријателот. Зошто не направи потег додека таа беше сама? Дали можеби си помислил дека ти е привлечна затоа што излегува со твој пријател?
– Нивната врска може да биде завршена наскоро, така што ќе можеш слободно да го направиш твојот потег. Твојот пријател можеби не е среќен поради тоа, но ти си тој што одлучува за своите приоритети. Дотогаш, насочи ги мислите во друга насока.