Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Во кои земји можете НАЈЛЕСНО ДА СТЕКНЕТЕ ПРИЈАТЕЛИ, А КАДЕ НАЈТЕШКО

Истражување на Интер Нација покажува во кои земји во светот е најлесно да стекнете нови пријатели, односно кои земји во светот се најпријатни и најдобри домаќини кон новодојденците и туристите.

Истражувањето опфаќа 58 земји во светот, а списокот е направен врз основа на тоа како се однесуваат државите и нивните граѓани во категоријата „пронаоѓање пријатели“.

Според оваа ранг-листа, земјата каде е убедливо најлесно да се стекнете нови пријатели е Мексико, исто како и минатата година.

Следат Бахреин, Еквадор, Колумбија, Панама, Тајван, Малезија, Индонезија, Аргентина и Филипини.

Во седум од првите 10 земји (сите освен Бахреин, Панама и Малезија), за луѓето кои емигрирале се вели дека се претежно пријатели со локалното население.

Која е најлошата земја да се најдат пријатели?

Од друга страна, Данска е оценета како најлошата земја за наоѓање нови пријатели.

Следат Кувајт, Шведска, Норвешка, Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Финска, Холандија и Австрија.

Недостигот на пријателство се чини дека се рефлектира во социјалниот живот на испитаниците.

Сите десет земји покажуваат подпросечни резултати во однос на задоволството на новодојденците од нивниот социјален живот. На пример, повеќе од половина од луѓето кои се преселиле во Кувајт (52%) имаат негативна оценка за нивниот социјален живот, што е највисок процент во светот и 28 проценти поени над глобалниот просек.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...