Connect with us

Hi, what are you looking for?

Х-Фајлс

ВМРО-ДПМНЕ влегува во регулаторните тела и подрачните единици

Досегашната тактика за директна борба против Зоран Заев и владата како главни политички опоненти заминува во историјата.


Највисоките раководни органи на партијата одлучија да ја напуштат стратегијата со која што се бара одговорност од СДСМ. Новиот противник на реформираното ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски ќе бидат регулаторните тела и подрачните единици на министерствата.

Како што дознаваме , во блиска иднина нема да им биде простено и на пунктовите на топлификација и водовод.


„Ќе бидете сведоци на класична окупација на локалните канцеларии на сите институции. Ние сме народот, а народот си има мака и со инкасаторите од водовод и со струјомерите. Заев е веќе минато за нас. Ние ја префрламе битката таму каде што е најжешко, на терен. Не станува збор за спуштање на нивото. Заев слободно нека ужива во неговиот кабинет во владата, додека ние ја биеме битката со регулаторните тела, комисии и подрачни единици“, изјави за Х Фајлс висок член од раководството на опозициската партија.


ВМРО-ДПМНЕ за почеток најави жестоки протести пред Регулаторната комисија за енергетика. Од партијата очекуваат директорот на комисијата да потклекне на притисокот на стотиците илјади членови кои ќе дојдат на протестот и да го прими лидерот Мицкоски на средба на која што ќе му бидат испорачани барањата.

**Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...