На неколку дена пред пред градинките да ги отворат вратите за да ги примат дечињата, после неколку месечната пауза, на површина излегуваат многубројните проблеми, за кои власта не нуди решенија. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели одговорноста за кадар во градинките е на општините, општините велат врзани ни се рацете.
Со оглед на тоа дека воспитно-згрижувачките групи во градинките ќе треба да бидат преполовени, за да можат да ги исполнат критериумите за работа по новите протоколи, логично е дека ќе има потреба од повеќе вработени негувателки и воспитувачки.
Општините предупредуваат дека ќе се соочат со големи финансиски потешкотии доколку самите треба да ги покријат трошоците за привремено вработените кои ќе ги заменат ослободените од работа кои што имаат деца помали од шест години. Од општина Чаир, за телевизија Алсат, велат дека сè уште немаат точен број на замени што ќе бидат потребни во градинките и училиштата, но додаваат дека оваа бројка е доста голема.
„Верувам дека ќе се најде соодветен модул што нема да ја оптерети и општина Чаир во финансиска смисла, што би претставувало проблем во иднина“, вели Куштрим Ала, портпарол на општина Чаир.
И од општина Студеничани имаат слична проценка. Секретарот Нухиу, исто така, за Алсат рече дека единственото решение е да се зголемат блок дотациите за училиштата за 30 насто. Покрај тоа, оваа општина е загрижена дека финансиските проблеми можат да влијаат на целосното реализирање на образовниот процес.
Минстеркат за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вината за недостигот од персонал во градинките, ја префрла кај општините. Таа во интервју кое што вчера го дала за телевизија 21 истакна дека општините се тие што треба да обезбедат персонал, потенцирајќи дека имале доволно простор за подготовката за вработувањето на дефицитот од вработени во градинките.