Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

БИЈОНСЕ И ЏЕЈ ЗИ УЖИВААТ ВО ХРВАТСКА! Крстарат на НЕДВИДНО скапа јахта и дадоа МИЛИОНИ долари за тоа

Според хрватските медиуми, познатата пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи во моментов се наоѓаат таму, во Хрватска.

Бијонсе го прослави својот 39-ти роденден во петокот на Мали Бисагами во близина на Галењак, островот на љубовта, познат ширум светот по формата на срце.

Популарниот пар наводно уживал во романтична вечера, опкружена со запалени свеќи и цвеќиња, откако денот го поминале на крстарење со луксузната јахта „Лана“, со која биле во Дубровник пред четири дена.

FOTO: AP

Соговорниците на споменатиот портал изјавија дека кулата на супермодерната јахта, долга 107 метри, можеше да се види од копното два дена, но дека тие не знаеле кој е на бродот, сè додека шефот на познатиот ресторан не се појави на брегот.

– Тој им подготви вечера на бродот и на тој начин дознавме дека Бијонсе решила да го прослави својот роденден на Галешњак, островот на љубовбта и симбол на романтиката. Навистина не знаеме што јадеа и кој беше со нив, но знаеме дека уште беа во нашата област во саботата – рекоа тие.

Како што понатаму се наведува, во саботата Бијонсе и Џеј Зи биле видени на островите Корнати, во еден ресторан.

Тие беа сами на терасата опкружени со бројни телохранители кои беа будни за да не се приближи никој до нив, веројатно обидувајќи се да ги снимаат со телефон и со тоа да го нарушат нивниот престој во ресторанот.

Популарниот пар досега неколку пати беше на хрватскиот брег, најчесто крстарејќи со големи изнајмени јахти.

Луксузната суперјахта „Лана“, на која сега престојуваат, е долга 107 метри, според достапните информации, достигнува брзина од 16 јазли и може да прими 12 гости за кои се грижат 31 членови на екипажот. За неделното изнајмување на „Лана“ треба да се издвојат 1,7 милиони американски долари, а дополнителни 219 000 долари за „мали“ трошоци за гориво и екипаж, така што седумдневно изнајмување е скоро 2 милиони долари.

FOTO: PROFIMEDIA

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...