На 06.09.2020 во 12.45 часот, М.П.(73) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била физички нападната од С.М.. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.09.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на ул.„376“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.И.(38) и Б.И.(26), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 07.09.2020 во 03.50 часот во СВР Скопје, А.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на крстосница од ул.„Димитар Благоев“ со ул.„Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари, мобилен телефон и рачен часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.