23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Хрватски лев бек за посилен Вардар!!

Актуелниот фудбалски шампион, тимот на Вардар си обезбеди уште едно ново име за време на оваа репрезентативна пауза. ,,Црвено – црните” од овој момент се засилени со уште еден интернационалец во своите редови.

Се работи за младиот Хрват, 22-годишниот Марко Мартинага. Левиот бек последната сезона ја мина во Словенија каде настапуваше за Копер. Претходно тој беше дел од словенечки Декани каде беше позајмен, а исто така низ кариерата играше и за Славен Белупо, Вараждин и Копривница.

Мартинага вечерва за прв пат ќе има можност да се докаже на натпревар, на оној во Штип против екипата на Кит-Го.

Вардар за време на оваа пауза е посилен и за имињата на Чарлестон, Петровиќ, Игески и Мирчевски.

извор http://vardarfans.mk/

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести