11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПСЖ испрати понуда од 140 милиони евра до Наполи

Францускиот првак тргна од двајца фудбалери од редовите на Наполи за кои ќе плати 140 милиони евра.

Според „Corriere dello Sport“, ПСЖ ги сака во своите редови Калиду Кулибали и Фабијан Руиз.

ПСЖ не се откажува од Лигата на шампиони, минатата сезона беше многу близу, но финалето не успеа да се носи со Баерн Минхен.

Богатите газди не прашуваат колку чини, ја исполнуваат секоја желба на тренерите кои се најдоа на клупата на „светциите“, сега и на Томас Тухел, кој пак го бара тандемот од Наполи.

Кулибали пред извесно време се поврзуваше со Манчестер Сити, кој тим ќе го одбере останува да видиме наскоро.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести