Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ШВЕДСКИОТ МОДЕЛ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ – Бројот на новозаразени помал од соседството

Шведската стапка на новозаразени со коронавирусот, којашто беше далеку над стапката на скандинавските соседи кои решија да своведат карантин, сега е во значителен пад и е пониска од Данска и Норвешка за прв пат од март и почетокот на пандемијата, пишува Телеграф.

– Шведска од една од најинфицираните земји во Европа премина во една од најмалку заразените во Европа, додека многу други земји забележаа прилично драматично зголемување, рече Андерс Тегнел, главен епидемиолог во Шведска.

Според податоците доставени до Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ), минатата недела Шведска регистрирала во просек по 12 нови случаи на милион луѓе, во споредба со 18 во Данска и 14 во Норвешка.

Бројот на смртни случаи во моментов е во просек од два до три на ден, што е повеќе од сто смртни случаи на ден што Шведска ги имаше во средината на април.

Стокхолм, центарот на шведската пандемија во април и мај, минатата недела забележа најмал број на нови случаи од март досега.

Данска во петокот истовремено забележа 179 нови случаи, што е најголема дневна бројка по повеќе од четири месеци.

Покрај тоа, со случајно тестирање на 2.500 луѓе минатата недела во Шведска, никој не покажал знаци на Ковид-19 во споредба со 0,9 проценти од ваквите случаи кон крајот на април и 0,3 проценти кон крајот на мај.

– Ние толкуваме дека како во моментот да нема раширена инфекција кај луѓето кои немаат симптоми, рече заменикот на Тегнел, Карин Тегмарк Висел.

Подобрените услови секако се олеснување на поборниците за помалку ограничувачката стратегија на Шведска, кои беа принудени да заземат одбранбен став во мај, бидејќи доживуваа период кога Шведска имаше најголема стапка на смртност по глава на жител во светот.

За разлика од Данска и Норвешка, Шведска никогаш не воведе целосен карантин, оставајќи ги градинките, повеќето училишта, барови, ресторани, продавници и канцеларии отворени дури и за време на пандемијата.

Шведската агенција за јавно здравје, која подготвува стратегија за борба против вирусот, рече дека е подобро да се потпреме на доброволни мерки на социјално растојание и самоизолација што можат да се применуваат подолго време.

– Она што го гледаме сега е дека таквата одржлива политика дава резултати побавно, но ги дава, рече Тегнел.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...