Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Филипче: Многу од ПРЕДВИДУВАЊАТА НЕ СЕ ОСТВАРИЈА

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.

Според него се уште има настани кластери на зараза.

– Се уште има такви настани и се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки. Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле – вели Филипче.

За министерот за здравство, граѓаните не се придржуваат до превентивните мерки.

Обично епидемиолозите укажуваат на две сценарија или луѓето не сакаат да ги кажат информациите, се случува после во текот на денот, после иницијалното интервју и прашалник да се јават и кажат дополнителни информации или навистина не знаат. Но нешто што е правило, апсолутно во секој случај не се придржуваат до превентивните мерки – потенцира Филипче.

Филипче признава дека многу од превдидувањата за вируост не се остварија, поткрепено со фактот дека август беше месец на многу групирања, но сепак речиси цел месец опаѓа бројот на заболени од коронавирус во земјава.

– Многу од очекувањата и предвидувањата за овој вирус не се остварија, не само кај нас, туку насекаде во светот. Очигледно дека имаме работа со вирус за кој се уште не знаеме сè. Може да дадам наше толкување, објаснување што е претпоставка зошто се случува тоа е дека сепак луѓето се повеќе надвор и контактите дури и таму кадешто има прекршување на превентивните мерки се случуваат во надворешна средина каде можноста да се трансверира вирусот е помала во однос на тоа кога луѓето се во затворена средина и оттука се нашите стравувања за есенските месеци кога сметаме дека таква поголема концентрација на луѓе во затворена просторија може да ја влоши епидемиолошката слика – објаснува Филипче.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...