На 05.09.2020 во 19,57 часот во СВР Скопје, А.Б.(44) одс.Љуботен пријавил дека околу 17.55 часот на ул.„Радишанска“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2020 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.В.(45) од Скопје пријавил дека во 20.00 часот на ул.Женевска неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(20) од с.Трубарево,скопско пријавил дека околу 21.30 часот на ул.11 во с.Трубарево по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот од една страна и С.С.(18) и малолетник, двајцата од с.Трубарево од друга страна. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 ЗППЈРМ.