Италијанскиот „Ил Месаџеро“ тврди дека сопругата на Един Џеко, Амра, одлучила за тоа нејзиниот сопруг да не оди во Јувентус.
Един и Амра во Рим оформија семејство, наскоро очекуваат добивање на ново дете, и затоа на некој начин одлуката на Џеко да остане во главниот град е оправдана.
Во меѓувреме, Јуве нема да го чека Џеко. Во следните денови ја завршува работата со Луис Суарез од Барселона.
„Ил Месаџеро“ Амра ја спореди со Ванда Нара, сопругата на Мауро Икарди која одлучи нејзиниот сопруг да ја напушти Италија, и да се пресели во ПСЖ.