5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Седиштата во авионите најчесто се СИНИ – ЕВЕ ЗОШТО

Дали некогаш сте обрнале внимание на бојата на седиштето во авион? Седиштата се скоро секогаш сини и ова правило го следат речиси сите авиокомпании.

Многу луѓе претпоставуваат дека оваа боја е избрана затоа што нè потсетува на небото. Но, објаснувањето не е толку едноставно!

Првите сини седишта започнале да се користат пред неколку децении, а сега во речиси сите авиони доминира материјал од оваа боја.

Според британските научници, повеќето луѓе ја поврзуваат сината боја со сигурноста и безбедноста, што е многу важно дури и за патниците кои не страдаат од аерофобија.

Исто така, според истражувањето, 90 проценти од луѓето потсвесно носат одлука за привлечноста на компанијата во зависност од боите на брендот.

Постои и практична причина зошто авиокомпаниите избираат сини седишта – нечистотијата, дамките и гребнатините се помалку видливи на оваа боја.

Затоа, овие седишта можат да се користат подолго време во споредба со останатите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести