Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ПРЕСТРЕЛКИ, КРАЖБИ, КИДНАПИРАЊА: Балканската мафија ја прегази Шпанија

Повеќе од сто банди и опасни криминални групи од Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Хрватска, Словенија и Македонија во моментов се активни на територијата на Шпанија и во други делови на Европа, пишува шпанскиот весник „Паис“.

Цитирајќи податоци од шпанскиот разузнавачки центар за борба против тероризам и организиран криминал, весникот наведува дека организираните криминални групи од Балканот често се кријат во Шпанија.

Неименувани полициски извори тврдат дека српските банди сега се борат против холандските и франко-алжирските криминални групи за доминација на пазарот за шверц на дрога во Шпанија и дека се случуваат престрелки, киднапирања и други насилни акти, како што е неодамнешниот пожар во хотел „Сису Бутик во Марбеља.

– Полициските извештаи покажуваат дека првите криминални групи пристигнале во Шпанија во 2001 година, односно по крајот на војната на Балканот.  Во извештаите се наведува дека албански криминални групи, кои се занимаваат со кражби на богати сопственици, пристигнале во земјата пред бандите од Србија и Црна Гора, наведува „Паис“

Извори од шпанската цивилна гарда објасниле дека граѓаните на Србија и Црна Гора се дел од меѓународната мрежа која се занимава со шверц на дрога и оружје, што ги прави уште поопасни.

Тие тврдат дека граѓаните на Србија и Црна Гора започнале да работат на јахти и трговски бродови на големи компании и дека на крајот преминале во Бразил за да го преземат целиот бизнис од првичните извршители.

Во извештајот се наведува и апсењето на црногорскиот државјанин Љубомир Кривокапиќ на 22 август во Барселона, тврдејќи дека не е случајно што полицијата дошла по него, ниту е случајно што неговото досие води до Котор.

Имено, Кривокапиќ е обвинет за убиство на маж во возило со огнено оружје на 31 мај 2016 година во Доброта.

 – Една од големите потешкотии во следењето на бегалците од земјите од поранешна Југославија е тоа што тие лесно добиваат лажни документи. Тие ќе бидат обвинети под едно име, а потоа ќе се вратат во земјата со поинаков идентитет и ќе извршат нови кривични дела – посочува извор од одделот за борба против дрога при Цивилната гарда

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...