Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

“Не се исполнети условите кинеската вакцина да се тестира во Србија“

Министерот за здравство, Златибор Лончар, денеска изјави дека не се исполнети условите кинеската вакцина да се тестира во Србија.

Лончар рече дека Министерството ќе ги информира граѓаните кога вакцината „ќе достигне одредена фаза и кога ќе побараат да се тестира во Србија“, но и кога вакцината ќе ги исполнува сите услови во Српската агенција за лекови.

– Ние не сме несериозна држава што може да функционира на некој друг принцип, да не ги почитуваме сите постоечки правила – рече министерот.

Според него, безбедна вакцина против коронавирусот треба да се произведе на крајот на годината и на почетокот на следната.

Тој повтори дека Србија ќе биде меѓу првите што ќе примат вакцина која е безбедна и ги исполнува сите услови.

Лончар апелираше до граѓаните да ја примат вакцината против сезонскиот грип, што се очекува од 1 октомври, со цел да се избегне „судир на вирусот корона и сезонски грип“.

Кинеската национална група за биотехнологија (ЦНБГ) и Синовак претходно објавија дека Србија и Пакистан се меѓу земјите кои се согласиле да учествуваат во третата фаза на клинички испитувања на нивните вакцини за коронавирус.

Според Ројтерс, кинеските компании бараат повеќе податоци од странство за конечни одобрувања на потенцијалната вакцина, имајќи предвид дека бројот на нови инфекции во Кина се намалува.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...