Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 7-14 Септември: Девиците тонат во љубов, Лавовите во флерт…

Неделниот хороскоп носи големи промени, како на деловен така и на љубовен план. Прочитајте што велат ѕвездите за оваа недела.

Овен

Не е време за годишен одмор, затоа сконцентрирајте се на деловните обврски, бидејќи ако не ги завршите сега, тие ќе ве мачат долго време. Кога станува збор за љубовта, дојде време да се повлечете во интимноста на домот со вашиот партнер кој ве опсипува со внимание. Исцрпени сте, одморете се.

Бик

Ако има нешто за што долго време се обидувавте да се борите на работното место, би било добро да преземете нешто оваа недела. Во вашиот хороскоп има и парична добивка, што ќе ве направи навистина среќни. Вашата љубов е на второ место оваа недела, но ќе имате пријатни моменти со вашиот сакан. Кога станува збор за здравјето, вие сте полни со енергија – искористете го тоа.

Близнаци

Сè уште се борите со работата. Вие сте прилично агресивни и непопустливи. Нема да дозволите другите да ве користат, ниту да ги игнорираат вашите забелешки, па може да влезете во судир со некои луѓе од вашето работно опкружување. Во љубовта ви недостасува малку акција и изненадување. Вие сте под стрес, најдете начин да се опуштите.

Рак

Веројатно ќе имате интересна дискусија со деловни соработници. Bие можете да добиете сосема нова идеја во врска со работата што навистина ќе ве воодушеви. Но, внимавајте да не претерате. Во љубовта сте посветени и на вашиот партнер, но и поотворени од вообичаеното. Кога станува збор за здравјето, склони сте кон дебелеење. Треба да се грижите за тоа.

Лав

Оваа недела, поседувате исклучителен деловен инстинкт што ќе ви донесе многу успех. Кога станува збор за љубовта,  склони сте кон флерт и дружење. Лавовите кои се сами можат да запознаат поинтересни луѓе за врска. Кога станува збор за здравјето, идеално време е да ги наполните батериите правејќи ги работите што ги сакате.


Девица

Би можеле да ги направите сите деловни разговори што не успеавте претходната недела, бидејќи оваа недела можат да бидат многу успешни. Ако сакате да пишувате, очекувајте инспирација. Кога станува збор за љубовта, аспектите од оваа недела укажуваат на запознавање на кармичката љубов. Девиците кои се во врска ги чека малку понестабилен период. Кога станува збор за здравјето, избегнувајте кафе, алкохол и слатки.

Вага

Вие сте многу енергични на работното место и целата ваша енергија ја вложувате во добивање признанија оваа недела. Ако размислувате за инвестирање – ова е вистинското време за тоа. Љубовта ќе мора да почека малку, бидејќи нема да имате време за љубовни средби или нови познанства. Вашето здравје е одлично.

Шкорпија

Оваа недела, ќе можете да ги одредите условите на вашата работа, а другите ќе ги следат вашите наредби. Исто така, ќе имате пријатни моменти со вашиот партнер. Нежни сте и отворено ја изразувате својата наклонетост кон партнерот, но овој пат без љубомора. Кога станува збор за здравјето, уживате во медитацијата.

Стрелец

Оваа недела ќе имате многу успех на работа, но внимавајте на финансиите. Кога станува збор за љубовта, вие малку се затворате кон вашиот партнер и тој се прашува што ви се случува. Објаснете му дека ви треба само малку време за себе и тој ќе ве остави сами. Времето е идеално да го подобрите вашето здравје со здрава исхрана.

Јарец

Одморете се од работа. Сè што сте направиле досега ќе ви се исплати. Кога станува збор за љубовта, партнерот е преокупиран со своите обврски, што не ве мачи оваа недела, затоа што сте го исполниле своето време со доволен број на социјални активности. Кога станува збор за здравјето, можни се проблеми со нервниот систем, белите дробови, цревата, рацете и рамената.

Водолија

Изгледа дека ве чека голема „генералка“ овие денови. На работа сте зафатени со документи и средување и не сакате да се откажете. Продолжувате дома со истото работно темпо. Партнерот е збунет. Во вашиот дневен распоред нема место за пауза и уживање. Кога станува збор за здравјето, избегнувајте ресторани за брза храна. Можни се проблеми со стомакот.

Риби

Ако аплициравте за работа или дополнително образование, може да добиете одговор оваа недела. Сè уште правите планови за патување или краток одмор што ќе ви стане неопходен. Кога станува збор за љубовта, ве чека убаво дружење со партнерот, со многу интересни теми за разговор. Идеално време е за спортување. Бидејќи не сте дисциплинирани, би било добро да започнете да тренирате со пријателите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...