Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Извлечени групите за СП во Египет: Македонија се уште се надева на повик

Во подножјето на големата пирамида во Гиза, денеска Египќаните приредија спектакл на извлекувањето на групите за престојното светско првенство во машка конкуренција, кое според планот треба да се одржи од 13 до 31 јануари следната година.

Македонија не доби шанса за настап на Мундијалот, но се уште постојат теоретски шанси за наше учество на шампионатот во Египет, доколку добиеме некаква вајлд-карта во последен момент. Тоа би значело дека нашите момци ќе се најдат во група со домаќинот Египет, Шведска и Чешка, но може да се случи да бидеме и дел од групата со Норвешка, Франција и Австрија.

Во овие две групи има две слободни позиции наменети за преставници на Јужна и Северна Америка.

Група „А“ – Германија, Унгарија, Уругвај, Зеленортски острови

Група „Б“ – Шпанија, Тунис, Бразил, Полска

Група „Ц“ – Хрватска, Катар, Јапонија, Ангола

Група „Д“ – Данска, Аргентина, Бахреин, Конго

Група „Е“ – Норвешка, Автрија, Франција, преставник на С. Америка

Група „Ф“ – Португалија, Алжир, Исланд, Мароко

Група „Г“ –  Шведска, Египет, Чешка, преставник на Ј. Америка

Група „Х“ – Словенија, Белорусија, Ј. Кореја, Русија

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...