Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ЗАХАРОВА СЕ ИЗВИНИ, БИЛА ПОГРЕШНО ПРОТОЛКУВАНА за објавата која Вучиќ ја нарече примитивна

Откако беше осуден нејзиниот крајно недипломатски пост на Фејсбук, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се извини, велејќи дека тоа е погрешно протолкувано.

– Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што беше напишано во него беше несогласување со арогантниот став на „извонредните“. Протоколските трикови станаа еден од приодите коишто американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат изглед на нивна сопствена извонредност. И, тоа е неприфатливо – потенцираше Захарова, која го објави споменатото извинување повторно со истата фотографија.

Извинувањето на Захарова беше објавено со истите фотографии како на првиот контроверзен пост – прво разговорот на Вучиќ со Доналд Трамп во Овалната соба, а втората беше позната сцена од филмот „Ниски страсти“ и Шерон Стоун на распит.

– Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седите како на фотографијата број 2. Кој и да сте. Верувајте – гласеше нејзиниот коментар.

Вучиќ: Очигледно не знаат да ценат …

Српскиот претседател Александар Вучиќ потегот на Захарова го опиша како „примитивизам и вулгарност“

– Марија Захаравоа зборува најмногу за себе, а примитивизмот и вулгарноста што ги покажа зборуваат за неа, а богами и за оние што таму ја поставиле. Нека се занимаваат со тоа, јас нема да и одговорам – рече Вучиќ и додаде дека му е јасно зошто таа реагирала така, бидејќи посетата во Вашингтон беше успешна

– Нека сите продолжат со својата работа, жал ми е за нив, бидејќи таму ги заштитив и нашите односи со Руската Федерација, и таму одбив да потпишам дека ќе купиме LNG, што е двојно поскапо, и што беше во оригиналниот документ, но што можете да направите, луѓето не можат да ценат дека Србија е единствената земја што не воведе санкции кон Русија или дека Србија е единствената што е воено неутрална без никаква желба за влез во НАТО, единствена што вежба со Русија или дека Србија е единствената што работи директно на снабдување со гас,  рабооти на гасна инфраструткура, единствена земја што директно купува оружје од нив на европско тло и сè друго … Што можете да направите, не сум во можност да објаснам нечиј примитивизам и вулгарност, нека расправаат за тоа меѓу себе – заклучи Вучиќ.

Фотографијата и објавата што ги објави Захарова предизвикаа бурни реакции во српската јавност. Милан Антонијевиќ, директор на Фондацијата за отворено општество, рече дека Захарова ги отворила очите на оние кои сметаат дека надворешната политика има врска со митовите за вечно пријателство.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...