11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ЕРДОГАН ОТВОРЕНО СО ЗАКАНА ДО ГРЦИЈА ПОРАДИ СРЕДОЗЕМЈЕТО: Или ќе го разберете јазикот на политиката и дипломатијата или ќе ве доболи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупредил денеска Грција дека ќе мора да влезе во разговори околу спорните делови во источното Средоземје или ќе се соочи со последиците.

“Или ќе го разберете јазикот на политиката и дипломатија или ќе се соочите со болни настани на терен“, рекол Ердоган на церемонија на отварање болница во Истамбул, пренесува АП.

Ердоган потенцирал дека Грција сватила дека Турција има политичка, економска и воена моќ да ги кине неморалните мапи и наметнати документи, мислејќи на подрачја кои се во источно Средоземје.

Грција и Кипар ги означиле како свои економски зони. Турскиот претседател нагласил дека Турција е подготвена за секоја можност и резултат.

Грција и Турција спорат околу поморскте граници после откривање на наоѓалиште на гас, а две држави последните недели извеле повеќе воени вежби. Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести