Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на пресудата за сообраќајката кај Млечен

Зоран Заев заедно со СДСМ го уништи судскиот систем. Со СДСМ судството ќе продолжи да тоне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со СДСМ на власт случаи ќе застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, ќе продолжи да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата.

Граѓаните се сведоци дека со државата управува мафија. А, на мафијата им се потребни послушни судии кои што ќе пресудуваат во нивна корист.

Поради тоа власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе прави се што сака.

Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт.

Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана?

Од оваа влада можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања“- се наведува во партиското соопштение.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...