23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

КОНЕЧНО ОФИЦИЈАЛНО: Челзи го претстави Каи Хаверц

По долги преговори и неизвесност кај фановите на Челзи, конечно од клубот го потврдија трансферот и официјално го презентираа Каи Хаверц како најновото засилување на сините од Лондон.

По забраната за трансфери и „заштедените“ милиони, Роман Абрамович го „одврза ќесето“ и ова лето значајно го засили тимот. Со трансферот на германскиот плејмејкер, Челзи го израмни најскапиот трансфер во историјата, бидејќи плати 80 милиони евра, исто колку што беше купен и Кепа Аризабалага. Сепак, Леверкузен може да добие уште 20 милиони, низ лесно достижни бонуси. 

Претходно Челзи ги доведе Хаким Зијеч, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Тијаго Силва и Маланг Сар, но се шпекулира дека сеуште се “ловат” Деклан Рајс од Вест Хем и нов голман. Со сигурност може да се кажеме дека Челзи ќе биде навистина моќен во новата сезона!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести