Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Шилегов: Во Скопје има 140 дивоградби, ГРАДОТ НЕМА ИНГЕРЕНЦИИ НАД НИВ

Град Скопје има околу 140 објекти кои се дивоградби, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Шилгов рече дека на местото каде се руши зградата пред „Мавровка“, веројатно ќе може да се обнови истиот објект односно кафулето кое изгоре.

– Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во Мавровка во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран, изјави Шилегов.

Објектот пред Мавровка кој никна на местото на изгореното кафуле „Фонтана“, сега е срамнет со земја. Рушењето започна во средата откако владата препорача Општина Чаир и ЈП Македонија пат да потпишаат договор за уривање.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...