На граничниот премин Гостун помеѓу Србија и Црна Гора од утрово има голема гужва. Колона автомобили на излез од Србија долга повеќе стотини метри а на излез од земјата се чекало повеќе од еден час.

Во колоната забележани се доста коли од Белград, Нови Сад, Војводина, централна Србија, воглавно туристи кои одат во Црна Гора.

Како што велат за одење во Црна Гора се одлучиле после одлука на власта во Подгорица дека во оваа земја може да се влезе со негативен серолошки АМГ тест кој е доста поефтин од ПЦР тест.