Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Слеп човек од радовишко ТРИ ДЕНА НЕМАЛ ХРАНА ДОМА заради карантинот

Во текот на карантинските месеци слеп маж од едно радовишко село, кој од почетокот на годината живее сам бидејќи неговата сопруга починала, се соочил три дена да нема леб и никој не можел да му донесе.

Ова е една од приказните кои ги сподели Здружението за слепи лица во Штип, јавува МИА, а кое денеска најави дека преку проект финансиран од Владата – „Приспособување на слепите лица од источниот регион на тешките услови, кој ги наметна кризата со Ковид-19“, ќе ги надминува психолошките и економските предизвици.

Претседателот на Здружението Драги Витанов истакна дека од денеска ќе почнат со организирање трибини на кои членовите ќе може да слушнат експерти од неколку области.

Слепите лица, рече тој, се едни од најпогодени кога станува збор за нарушувањето на животот на граѓаните поради коронавирусот. Тој рече дека здружение ќе побараат обуки за професионални асистенти за слепите лица, по примерите на Скопје, Куманово и Битола.

-Слепите лица со самото тоа што се дома се осамени и дефинитивно имаат проблеми, физички толку можеби не, но психички многу повеќе. Во секојдневието чекаат некој да ги фати за рака и да ги изнесе надвор, а сега е тоа уште повеќе е изразено. Затоа што нема луѓе коишто би можеле да им помогнат, бидејќи сите се плашат од коронавирусот,
изјави Витанов.

Крсте Велјановски, кој има докторирано психологија, вели дека последните анализи на светско ниво покажуваат оти по пандемијата 20 отсто од населението во светот ќе се соочи со депресија, а тоа особено ќе биде изразено кај лицата со каков било хендикеп. Во земјава засега немаат такви анализи, но вели дека решението го гледа во комуникацијата меѓу луѓето, а во екстремни случаи и со помош од стручни лица.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната...