Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

После сите берби – ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР И СКОПЈЕ РАБОТАТ СО ЗАГУБА!

Пандемијата на коронавирусот, која го зафати целиот свет, не ги одмина ниту земјава, ниту метрополата и работењето на јавните градски претпријатија. Затворањето на институциите, работењето со скратено работно време и пренасочувањето на работните обврски од дома, а сето тоа во времетраење од повеќе од два месеца, предизвика опаѓање на приходите кај сите правни субјекти, независно дали се јавни или приватни.

Меѓу најпогодените од пандемијата се најде и јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое изминатиот период бележи пад на приходите поради намалената фреквенција на луѓе, а со тоа и поради намалената потреба од паркинг-простор.
Граѓаните едноставно заминаа дома, работеа од дома, пазаруваа од дома. Паркинзите низ метрополата останаа празни, а со тоа опаднаа и работата и приходите на „Градски паркинг“.

Претпријатието бележи значајно намалување на приходите, во споредба со истиот период минатата година, почнувајќи од почетокот на годинава, па до крајот на јуни, кога општествено функционирање речиси немаше.

Шестмесечниот извештај од работењето на претпријатието се разгледуваше и на седница на Советот на градот. Според билансот на успех на претпријатието, за периодот од први јануари до 30 јуни се покажува дека приходите на претпријатието се намалиле речиси за 30 отсто во однос на истиот период минатата година. 

За периодот на вонредната состојба, паркинзите, како и сѐ друго во земјава, па и светот, функционираа со намален обем на работа, што беше случај и со пајак-службата.

Откако почна ширењето на коронавирусот и во земјава, и јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ работеше со скратено работно време, во согласност со тогашните препораки од Владата. Оттаму велат дека претпријатието претрпело загуба дури од 14 милиони денари, но тврдат дека таквата состојба нема да влијае на работата на претпријатието, ниту пак на цените на услугите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...