Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ПАРТИЈАТА НА ЃУКАНОВИЌ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ: Изборниот резултат е неуспешен

Демократската партија на социјалистите е подготвена безусловно да ја поддржи секоја влада што ќе продолжи да развива клучни вредности и да ги реализира националните интереси на Црна Гора, беше заклучено синоќа на седницата на Главниот одбор.

На седницата се дискутирало за резултатите од изборите и било оценето дека ДПС и натаму е убедливо најсилната политичка сила во Црна Гора, пренесува Вијести.

– Сепак, поаѓајќи од околноста дека не можеме да формираме парламентарно мнозинство, а со тоа и нова влада со сегашните коалициски партнери, изборниот резултат е неуспешен. Како и да е, нашата партија и сите поединци кои учествуваа во креирањето на државната политика во претходните децении можат да бидат горди на клучните вредности што ги постигнавме: градење граѓанска држава и мултиетничко демократско општество, почитување на антифашистичките достигнувања и трасирање на европскиот пат“, се вели во соопштението.

Беше посочено дека ДПС е подготвена безусловно да ја поддржи секоја влада што ќе продолжи да ги развива овие вредности и да ги реализира националните интереси на Црна Гора.

ДПС на изборите освои 30 места самостојно, со 38 со своите традиционални коалициски партнери, не е доволно за формирање влада. Коалицијата „За иднината на Црна Гора“ освои 27 мандати, алијансата „Мирот е наша нација“ 10, а коалицијата „Црно-бели“ четири мандати. Овие три опозициски блока заедно имаат мнозинство од 41 место.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.