Connect with us

Hi, what are you looking for?

Х-Фајлс

Мицкоски до Ѓукановиќ : Лесно ти е тебе да размислуваш за оставка после 30 години власт

Паралела меѓу ситуацијата во Македонија и во Црна Гора не може да се направи. Прво и основно Мило Ѓукановиќ победува 30 години по ред и нормално е дека членството ќе бара одговорност , кога очекуваат дека тој ќе продолжи да владее бидејќи победил на изборите, се вели во анализата која што Мицкоски ја презентирал пред неговото раководство.

„Нека ме донесе мене некој 30 години на власт, па и јас ќе размислувам за оставка. Вака после само 3 години порази , која е логиката да си заминам“, категоричен бил Мицкоски.

На дофрлањето дека не мора тие 30 години на Мило да ги користи во навигацијата при носењето на одлука да си замине после изборниот пораз, Мицкоски објаснил дека математички прецизно, тоа не е ни долг, а богами ни краток период. Зависело дали си власт или опозиција.

Втор аргумент во прилог на различните позиции била информацијата што ја изнел Мицкоски дека половина Црна Гора наводно веќе била на Ѓукановиќ или неговите блиски.

„Да имав барем половина хидроцентрали во Македонија, па и да размислував. Вака не доаѓа предвид. Имам и план Б и В за неповлекување“, потенцирал Мицкоски.
На директно прашање на Х Фајлс за коментар за случувањата во Црна Гора, Мицкоски ни изјави: „Го знам Мило Ѓукановиќ , иако лично не се познаваме. Лесно му е на него да размислува за оставка после 30 години власт“.

**Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...