Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Италијанците не ја “фермаат“ Лигата на Нации, Манчини по грешка извел погрешен состав!

Дека во некои земји, или за некои репрезентации Лигата на Нации е само товар, и дека воопшто не сакаат да играат, тоа најсликовито го покажува потегот на Роберто Манчини, селекторот на „аѕурите“ на вчерашниот меч со БиХ.

Имено тој на терен пратил погрешен состав. Некој ќе каже па дали е можно, тоа? Е, па, можно е, и кога се работи за една Италија или еден Манчини. И за се биле виновни наочарите кои во тој момент Манчини не ги носел со себе.

Имано по мечот тој признал дека сакал во стартниот состав да го стави Кјелини, но по грешка го пишал Ачерби. И кога неговите помошници реагирале и сакале да направат промена, веќе било доцна.

“Да, моја грешка беше. Добро, не е страшно, не ставивме голман на стоперското место, но секако дека е грешка.Едноставно без наочари не видов дека во тимот го нема Кјелини“ се правдаше Манчини по натпреварот со БиХ кој заврши 1:1.

Секако дека на “сериозен“ меч ова на Манчини нема да му се случи, но тоа е таа Лига на Нации, барем за големите репрезентации како Италија на пример.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...