Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Изненадување: Почнуваме без Пандев, Шишковски на голот!

Попладнево од 15 часот на Арената “Тодор Проески“, нашата најдобра репрезентација ќе го одигра својот прв меч во новата Лига на Нации, и тоа во сегментот Ц. Ривал ни е добро познатата селекција на Ерменија, а СПОРТМЕДИА го дознава стартниот состав со кој селекторот Игор Ангеловски ќе го започне овој натпревар.

И тука има изненадување, имено во него го нема капитенот Горан Пандев, додека на голот место Столе Димитриевски ќе застане Дамјан Шишковски, на кого ова ќе му биде натпревар за нашата најдобра репрезентација. Пандев нема да игра и тоа на негово барање, едноставно смета дека не е во најдобра форма. Договорот е да се најде на теренот во последните 30 минути, но сако ако затреба. Можно е и воопшто да не настапи, ќе се види од развојот на настаните.

Формацијата е 4-2-3-1, а на голот како што рековме ќе биде Шишковски. Десен бек е Ристовски, во стоперската линија Велковски и Муслиу, а како лев бек Кире Ристевски. Двајцата последни играчи за врска ќе бидат Адеми и Николов, десно Алиоски, во средина Барди а лево Елмас, и во самиот напад Несторовски.

Сепак да почекаме до 13.30 часот кога и официјално ќе се знаат стартните состави на Македонија и Ерменија.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...