Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 48 КИЛОГРАМИ ХАШИШ И МАРИХУАНА во Прилепско, приведени тројца дилери (ФОТО)

Околу 48 килограми дрога од кои 15 килограми хашиш и 33 килограми марихуана се запленети, а три лица се проведени синоќа во полициска акција во прилепското село Дебреште.

Портпаролот н МВР Тони Ангеловски изјави дека во акцијата учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со прилепското Јавно обвинителство.

– На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за  кој е утврдено дека бил организатор на транспортот.  Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај.  Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал, рече Ангеловски.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...