Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Гренел кон новинарите: ЗНАЕТЕ ЛИ ВИЕ КАДЕ Е КОСОВО, на мапа нема да го најдете

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, се налути за време на прес-конференцијата по потпишување на договорот вчера во Вашингтон, укорувајќи ги новинарите што не обрнале доволно внимание на тоа прашање.

Тој рече дека новинарите во салата можеби се премногу млади за она што го прават и дека не е сигурен дека ќе го најдат Косово на мапата.

Гренел се обиде да ја подвлече важноста на договорот, потенцирајќи ги напорите што Трамп ги вложи за да ги донесе на маса претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Косово, Авдулах Хоти.

– Можеби сте премногу млади за да разберете за што станува збор за ова прашање. Можеби постарите новинари треба да излезат и да речат: Ова е голема работа. Ова е големо прашање, рече Гренел, според Б92.

Тој исто така им изјавил на новинарите дека не е сигурен дали воопшто знаат што се случува надвор од Вашингтон.

Џеф Мејсон, дописник на Ројтерс од Белата куќа, се спротивставил, велејќи дека никој од неговите колеги не дошол да слуша предавања,а Гренел одговорил дека Балканот може да биде премногу комплициран проблем за присутните и им предложил да одвојат време  за ова 21-годишно прашање.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

-Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...