Водечкиот германски имунолог Томас Камрат изјави дека ќе биде вистински успех доколку вакцината против Ковид-19 успее да го ублажи текот на болеста. Тој се изјасни против идејата да се дозволи ширење на инфекцијата со цел да се постигне „имунитет на стадо“ кај населението.
– Вакцината не може да спречи кивање или други благи симптоми. Сепак, најмалку што се очекува е да се спречи респираторна слабост и сериозно оштетување на органите. Ако вакцината само успее да го ублажи текот на болеста и да не води кон смрт туку кон благ облик, тоа ќе биде успех за мене. Било што повеќе од тоа, би било голем успех – вели Камрат за „Дојче Веле“.
Коментирајќи ги напорите за едукација на населението со цел да се создаде имунитет на стадо, Камрат вели:
– Ако погледнете кои стапки на инфекции ќе бидат потребни и каква би била смртноста, тогаш тоа е метод од камено доба.

Неодамнешните вести од Хонг Конг, според кои е можно да се заразите двапати со коронавирусот, ја прават таа дискусија излишна, додава Камрат.
– Сега треба да се тргне од фактот дека имунитетот не трае цел живот. Затоа се надевам дека никој повеќе нема да се залага за имунитет на стадо. Тој се постигнува преку вакцинација – категорично тврди Камрат, кој исто така препорачува вакцинација против грип пред претстојниот пик.