Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Ангеловски: Тешко беше да се гледа, а не да се игра, јасно е да има проблеми кога нема натпревари!

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија веднаш по мечот ги истакна своите импресии. Тој најпрво се осврна на терминот на мечот, односно одлуката да се игра во пеколно време.

„Кажав дека е најважно да се победи пред се поради температурата. Проблем е да се следи ваков меч, а не да се игра. Кога нема натпреварувачки ритам, јасно е дека ќе има проблеми. Ете, покажавме нов квалитет, да одиграме на резултат.

Криво ми е што некој друг одлучи да играме во 15 часот, па уште да бидат намалени измените од пет на три. Тој кој се одлучил за ова да се замисли пред се за здравјето на играчите“, изјави Ангеловски.

Тој е задоволен за рано отворениот резултат, и на дебито на Шишковски, кој според него, се наметнал како нова опција за голманската позиција.

„На време го отворивме натпреварот и потоа немаше причина да се форсира. Имавме ситуации повеќе за голови. Шишковски доби шанса пред Илиев затоа што е во натпреварувачка форма, и драго ми е што добивме уште една опција за голманската позиција“, рече Ангеловски кој коментираше и за Горан Пандев.

„Пандев има само четири тренинзи, и нормално е да не биде подготвен. Со Грузија веројатно ќе стартува“.

За Ерменија, Ангеловски коментираше…

„Кажав дека доаѓа една нова Ерменија, покажаа дека го подигнале нивото, иако не играа неколку добри играчи. “, вели селекторот, кој напомена дека има договор кој ќе шутира пенали, иако играчите може сами да се договорат на терен.

„Во принцип се одредени четири фудбалери пред меч кои ќе шутираат, и на лице место тие одлучуваат, немаше некоја расправа на терен“, рече Ангеловски.

sportmedia.mk

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...