Се чини дека сагата околу Лео Меси во Барселона ќе заврши наскоро. Со назнака „Exclusivo“ аргентинската телевизија TyC Sports ја објави конечната одлука на најдобриот фудбалер на светот. Освојувачот на шест „Златни топки“ ќе остане во Барселона до крајот на договорот, 30 јуни 2021 година.
Со тоа ќе биде ставен крај на оваа приказна која веќе неколку денови кружи низ светот дека Меси ќе го напушти „Ноу Камп“ и ќе оди во друг клуб. Таткото на Меси, Хорхе Меси беше во преговарачка мисија со Барса. На почетокот не изгледаше дека двете страни ќе најдат заеднички јазик, но на крајот е решено соработката да биде продолжена до јуни 2021 година