Нешто судство и обвинителство се цел ланец на заврзлами, вели Зоран од Тетово кој го загубил својот син во сообраќајна несреќа пред две години, додека снаата го загубила нероденото бебе, а пресудата гласи дека тој што ја предизвикал сообраќајката не е виновен.
Тој притоа додава дека им било кажано да останат смирени и да не негодуваат затоа што ќе бидат казнети.
– Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме. Не знам што да напишам, а имам за кажување многу. Ама дека нема да биде осуден ниту еден ден, ниту да биде притворен за тешки дела во сообраќајот не можев да верувам. Браво за судиите Господ на сите нека им пресуди, вели Зоран.

„Пријатели сакам да ве известам дека денес се донесе пресудата за смрта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка, неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди.
Пред да ја каже судивката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети. Судивката со многу очај кажа дека многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда на сите отежнителни и олеснителни околности.
Пресудата гласеше НЕ Е ВИНОВЕН И ЌЕ БИДЕ ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ОСУДЕН. Така да сега кој е кој, ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животии што уништи животи на фамилии си е слободен. Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами.
Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук, бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме. Не знам што да напишам, а имам за кажување многу. Ама дека нема да биде осуден ниту еден ден, ниту да биде притворен за тешки дела во сообраќајот не можев да верувам. Браво за судиите Господ на сите нека им пресуди“ Фејсбук статус на Зоран од Тетово
