Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Собранието му го вратило назад на Пендаровски барањето за потврдување на вонредната состојба

На денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека според негови информации, барањето на претседателот Пендаровски испратено до Собранието за да се потврди вонредната состојба донесена поради епидемијата од корона вирусот, се вратени назад.

  • Немам информација зошто овие материјали се вратени кај Пендаровски, а како пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе се изјасни по однос на ова прашање, став ќе изградиме откако ќе ги видиме материјалите, рече Муцунски.

Тој го повтори ставот на партијата дека тие се против одржување он-лајн седници на Собранието.

Сметаме дека треба да се превземат сите мерки за заштита на здравјето и на пратениците и на вработените во Собранието, но не и да се носат вакви избрзани одлуки. Ние имаме дилема дали овој чекор воопшто е уставен и дали можеме да го реализираме без да се злоупотреби позицијата, потенцираше Муцунски.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...