Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Не се очекува масовна вакцинација за Ковид-19 пред средината на 2021

Светската здравствена организација (СЗО) не очекува масовна вакцинација против новиот коронавирус барем до средината на следната година. Од организација ја потенцираат потребата од многу поригорозни тестирања на ефективноста и безбедноста на вакцината.

„Оваа трета фаза (на клиничките тестирања) мора да трае подолго, бидејќи мораме да видиме колку навистина штити вакцината и исто така мораме да видиме колку е безбедна – изјавила Маргарет Харис, портпаролка на СЗО, пренесе Њујорк Тајмс.

Харис додала и дека ниту една од вакцините кои се во подоцнежни тестирања досега не покажала јасен сигнал за ефикасност на ниво од најмалку 50%, кое го бара СЗО.

Од СЗО велат дека податоците од сите тестирања мора да се споделуваат и споредуваат.

СЗО и ГАВИ алијансата за вакцинација моментално го предводат планот за глобална дистрибуција на вакцините позната и како КОВАКС механизмот, преку кој треба рамномерно да се распределат вакцините. Фокусот на почетокот ќе биде ставен на луѓето кои се во најголем ризик од секоја земја, како што се здравствените работници.

Преку КОВАКС се планира дистрибуција на 2 милијарди дози од одобрените вакцини до крајот на 2021 година.

Во меѓувреме Русија дозволи употреба на Ковид-19 вакцина во август по само два месеци тестирање на луѓе, предизвикувајќи некои од експертите од западните држави да се сомневаат во нејзината ефикасност и безбедност.

Експертите за јавно здравје од САД и компанијата „Фицер“ вчера најавија дека вакцина спремна за дистрибуција може да се очекува најрано кон крајот на октомври.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...