Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Повторно во игра „ШЕНЖЕН ЗОНА“ ПОМЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО – Еве што тоа ќе значи

Денеска продолжуваа преговорите помеѓу Белград и Приштина во Белата куќа, а на вчерашните состаноци повторно се појавила идејата за создавање на „Шенжен зона“.

Специјалниот пратеник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, претходно планираше ваква можност за Србија и  Косово, што би го пренасочило вниманието од политички кон економски прашања.

Всушност станува збор за фактот дека, следејќи го примерот на Специјалната економска зона во Шенжен во Кина, треба да се формира економска унија помеѓу Косово и Србија. Тоа би била економски силна територија што би влијаела на развојот на економијата на земјите.

Специјалните економски зони (СЕЗ) се, патем, географски ограничени области во кои, по правило, деловното опкружување е полиберално, а административните процедури се поефикасни. Во нив има единствена администрација и генерално се применуваат заеднички царински правила.

Зоната Шенжен во Кина се смета за една од најмоќните економски зони во светот. Најпрвин, тоа беше на територијата на четири до девет области на градот Шенжен во провинцијата Гуангдонг. Потоа, во 2010 година, сепрошири на остатокот од градот, и со текот на времето стана водечки технолошки центар во светот и уште се нарекува „Кинеска силиконска долина“.

Во ваквите зони, производителите се главно ориентирани кон извоз, а меѓу активностите е и производството на технолошки компоненти.

Економистите сметаат дека ваквиот предлог може да биде добар за надминување на одредени проблеми во односите меѓу Србија и Косово, првенствено имајќи ги предвид проблемите со царините и различните дозволи.

Професорот на Економскиот факултет во Белград, Љубодраг Савиќ, објасни дека добрата што доаѓаат, односно имаат потекло од таа заедничка зона, можат да бидат прифатливи за двете страни, додека тоа би било добро место за вработување луѓе од пограничните зони.

– Сепак, прво треба да слушнеме што точно содржи предлогот на гренеловата „Шензен зона“ за Србија и Косово. Тоа секако може да биде плус за двете страни, бидејќи кога луѓето ќе започнат да соработуваат економски, да добиваат работни места и да го подигнат животниот стандард, тие повеќе нема да размислуваат за некои политички прашања кои што се актуелни денес – рече Савиќ.

Вчера во разговорите се вклучи и Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, која беше присутна на сите важни дипломатски средби, за кои е особено заинтересиран нејзиниот татко Доналд Трамп.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...