Манекенката од Брегот на Слоновата Коска Еудокси Јао, која ја нарекуваат африканска Ким Кардашијан и нејзиниот дечко Град Пи не се грижат заради навредите и озборувањата на сметка на висината и тежината. Двојката добила китики и дека се заедно само заради маркетинг, но имало и малку полоши коментари откако нивни фотки почнале да се појавуваат на социјалните мрежи. Хејтерите мислат дека двојката ја лажира врската затоа што се ѕвезди во Африка.
Град Пи е роден со ретко генетско нарушување кое влијаело на неговата висина. Еудокси тврди дека има најголем задник на континентот, а токму изгледот и овозможил слава и богатство.