Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

На денешен ден пред 4 години во Ватикан беше канонизирана Мајка Тереза

По неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови, Мајка Тереза, почина на 5 септември 1997 година на возраст од 87 години. Во знак на благодарност, индиската влада, на 13ти септември, организира погреб со највисоки државни почести. 

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза, која ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 г. Ватикан потврдил дека папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лечењето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизираше Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста се пренесуваше во живо на ватиканската телевизија и на интернет.

На канонизацијата на Мајка Тереза присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, привремениот премиер Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, водачите на двете најголеми партии, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква, како и претставник од семејството на Мајка Тереза.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...