Планот на Министерството за образование и наука предвидува решенија и за наставниците кои имаат хронички болести. Тие со одлука на Влада се ослободени од работа и ќе може да држат настава онлајн од дома, а доколку треба да предаваат со физичко присуство ќе се вклучи дополнителен кадар.
Оние наставници кои ќе работат од дома, овие денови поднесуваат барања до директорите на училиштата и наскоро ќе ја имаме и таа бројка за тоа колку наставници ќе работат од дома, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.