Преживеаното момче Марсел, чија 27-годишна мајка отру 5 од своите 6 деца, пред да се обиде да си го одземе животот со фрлање под воз, му испратило порака на својот надобар другар Макс, пренесува „РТЛ“.
Новинарите разговарале со Макс, кој им кажал дека никогаш не видел никој од семејството на Марсел, иако тој му кажал дека има повеќе браќа и сестри.
– Главно беше тажен, рекол најдобриот другар на момчето и додал дека Марсел после злосторството му испратил порака на Ватс Ап во која пишувало: Само сакав да ти кажам дека повеќе никогаш нема да ме видиш. Моите браќа и сестри се мртви!