Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

И.О. ЗА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС контра Богојески: Иницијативата е искрен обид за спас на ВМРО-ДПМНЕ!

Иницијативниот одбор ги демантира ставовите на Петар Богојевски изнесени во Слободен печат во текстот насловен „Фингиран или реален судир за партискиот трон во ВМРО-ДПМНЕ“.

Иницијативата за одржување на вонреден конгрес за избор на ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ е искрен обид за спас на партијата, нејзино реформирање и враќање на победничките патеки.

Какво е влијанието на Мартин Протугер врз Христијан Мицкоски не можеме да кажеме, но тоа што можеме со сигурност да потврдиме е дека тој не се придружи на иницијативата со која што се побара одговорност и оставка од сеуште актуелниот претседател Мицкоски. Можеби Протугер стои зад Мицкоски и го поддржува да опстои на функцијата смислувајќи стратегии, но тоа си е исклучиво нивен меѓусебен однос.

Иницијативниот одбор е составен само од мал дел од членовите на партијата кои изминатиов период се приклучија и го поддржаа барањето за промени. Никој не ја киднапирал, ниту може да ја киднапира иницијативата. Добредојдени се сите кои го споделуваат ставот дека актуелното раководство ги истроши сите кредити и дека нема капацитет да ги придобие симпатиите на јавноста.

Секој обид да се фрли дамка на искрените намери на иницијативата е обид да му се помогне на сеуште актуелниот Претседател Мицкоски и да му се обезбеди уште една сигурна победа на СДСМ на наредните избори.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...