Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА за кафулето кои организираше средношколска забава

Во времетраење од еден месец Државниот пазарен инспекторат го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, а од истата се појавија и снимки на социјалните мрежи.

Денес беше денот за затворање по редовна процедура која мораме да ја запазиме. За разлика од вонредната состојба кога, по одлука, имавме можност веднаш да ги затвораме. Сега мораме да чекаме законски три дена. Денес истече законскиот рок и во моментов инспекторите го пломбираат локалот, изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Локалот во Аеродром во кој се организираше првосептемвриска журка без маски и дистанца, освен тоа што има забрана за работа од еден месец, добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.

најчитани вести

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...

Забава

Пејачката објавила видео кое ги “вознемири“ сите. На Јелена Карлеуша и недостасува летото, а на нејзините следбеници голотија на Инстаграм. Пејачката на својот Инстаграм...

Забава

Пејачката Сандра Африка за свој дом ја одбра населбата која е многу популарна меѓу познатите. Соседите велат дека речиси секојдневно ја сретнуваат во кафулињата,...

Свет

Хаос избувна на меѓународниот аеродром Пудонг во Шангај, откако кинеските здравствени власти наредија на сите вработени во товарниот превоз да се тестираат за вирусот...