7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ГО ЗАМЕНУВА ЗАЕВ кога нема да биде тука

Членовите на Владата вчера ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата.

Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција што за прв пат се воведува со овој владин состав, а ќе ја извршува Артан Груби од ДУИ.

Предвидено е, премиерот да биде заменуван од Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш премиерот ќе го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи.

Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување, соопштија од Владата.

Позицијата прв вицепремиер беше договорена во рамки на разговорите на Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во однос на обезбедување на потребниот мандат за формирање на новата Влада.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести