23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ројс: Ме излекуваа магичните раце на физиотерапевтот

Марко Ројс после шест месеци се враќа на терените. Тој се очекува да настапи на Куп дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Дуизбург, со кој ќе почне новата сезона во Бундеслигата.

Ројс никако да се опорави од повредите, а кога најмалку се очекуваше, се приклучи на тренинзите на тимот пред две недели. Тој вели дека бил излекуван со „магија“.

„Ме спасија магичните раце на физиотерапевтот Ралф Франк. Тој успеа да ми одвои нервот од тетивата без голема болка, и така се вратив порано од предвиденото“.

Ројс нема среќа со повредите. Отсуствува секогаш во клучните моменти за својот тим, а поради повреди го пропушти и Мундијалот во Бразил 2014 година, каде Германија го освои златото.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести