4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Избега од Ц. Звезда за да оди во Втора лига на Турција

Антонио Томане, еден од најдобрите фудбалери на белградска Ц. Звезда, кариерата ја продолжува во Турција. Според весникот „Журнал“, иако беше најавен негов трансфер во Сиваспор, сепак, Португалецот ќе игра во втората лига на Турција во дресот на Самсунспор.

Белграѓани ќе добијат сума од 600.000 евра како отштета за трансферот. Томане инсистираше на заминување од Ц. Звезда затоа што сметаше дека има недоволна минутажа. Тој беше човекот кој со голот во Тирана и донесе на Ц. Звезда пласман во следната рунда од квалификациите за ЛШ.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести