Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТРОГАТЕЛНО: Дознале дека ќе добијат ЧЕТВОРКИ, само една недела откако го посвоиле четвртото дете!

Брачна двојка со пет деца посакала дополнително да го зголеми своето семејство, но место со едно бебе за кое сонувале, добиле дури четири. Брачниот пар Максин и Џејк Јанг од Пенсилванија биле тотално во шок кога дознале дека ќе добијат четири бебиња, и тоа откако го посвоиле четвртото дете. 

Освен четирите деца кои со години ги негувале, тие имаат и биолошки син по име Хенри, кој е роден во 2018 година после напорни третмани за вонтелесно оплодување. Двојката со новата принова, пак, сега има девет деца.

Мајката на Џејк, Арлет Јанг открила се за нивната приказна на GoFundMe страницата. Објаснила дека нејзиниот син и снаата се благословени затоа што добиле четворки, но и дека во исто време е загрижена за финансиите на ова големо и необично семејство. 

Максин и Џејк се венчале во мај 2016 и знаеле дека сакаат големо семејство.  Максин отсекогаш сакала да стен хранител и сонувала да има големо семејство со посвоени и биолошки деца. Џејк ја поддржал во идејата да имаат полна куќа со љубов и насмевки, можеби и малку хаос. Набрзо станале хранители со лиценца. Брзо ја завршиле обуката и ги обавиле сите неопходни чекори. Во почетокот прифатиле три деца, на возраст од 2, 4 и 11 месеци, а за помалку од еден месец кај нив дошло уште едно новородено девојче, и тоа директно од болница. Интересно е дека за сето време се обидувале да добијат и биолошко дете. 

– Преживеаа многу пометнувања, „хемиска бременост“, циклус на вонтелесно оплодување и интраутерина инсеминација, пред конечно да бидат благословени со синот Хенри во октомври 2018. И кога посакаа барем уште едно свое дете, нивните молитви беа слушнати и добија, ама не едно, туку четири, рекла Арлет.

Таа рекла и дека ова семејство има само еден приход, односно вработен е само нејзиниот син Џејк. За среќа, на страницата GoFundMe собрана е одредена сума која сигурно ќе им биде од големо значење.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...