Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

СО ТЕМЈАН И МОЛИТВА, учителка од Србија ГО БРКА КОРОНАВИРУСОТ ОД ЧАСОВИ

Најпрвин молитвата Оче наш и темјан, па потоа часот може да почне. Најкратко, така може да се прераскаже објавата на еден родител за предлогот на учителката во Вибер групата со родителите на своите ученици, која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари.

Имено, ден пред училишното ѕвоно официјално да го најави стартот на новата школска година во Србија, учителката од Основното училиште „Иво Лола Рибар“ во Нови Сад им испратила предлог на родителите на своите ученици. Предлогот гласи вака:

– Дали се согласувате секојдневно пред почетокот на наставата да запалиме темјан во нашата училница и да ја изговориме молитвата Оче наш“ – пишува во Вибер групата на една паралелка од четврто одделение.

Под прашањето е креирана и анкета за родителите да одговорат дали се согласни со предлогот или не.

Под објавата е ставена и слика на која стои дека не постои вирус кој ќе преживее во куќата во која секојдневно се пали темјан.

Објавата брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика безброј коментари.

„Морничаво, страшно“, беа најчестите коментари.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...